ДВЕ ЗЛАТА И СРЕБРО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КАРАТИСТИ НА ЕВРОПСКАТА УНИВЕРЗИЈАДА

    ДВЕ ЗЛАТА И СРЕБРО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КАРАТИСТИ НА ЕВРОПСКАТА УНИВЕРЗИЈАДАСелекторот Бошко Заборски и освојувачот на златен медал Петар Заборски на Европското универзитетски првенство во Португалија.

    Македонските каратисти се враќаат со два златни и еден сребрен медал од Европското универзитетско првенство, кое што се одржа во Куимбра, Португалија.

    Петар Заборски, каратист на „Макпетрол’ и студент на Битолскиот универзитет Факултет за Безбедност во Скопје во финалето во категоријата до 75 килограми го победи домашниот натпреварувач Пина Родриго Мачедо со 2:1.

    Сара Радичевска, исто така, од „Макпетрол“ и студентка на Филолошки факултет во Скопје, во финалната борба во категоријата до 59 килограми ја победи Португалката Леал Сара со 8:0 пред истекот на времето.

    Женскиот тим во борби го освои сребрениот медал, откако во финалето загуби од Финска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира