ВЕРУВАМ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ 30. ЧЛЕНКА НА НАТО, РЕЧЕ ЗАЕВ НА САМИТОТ ВО ПОДГОРИЦА

    ВЕРУВАМ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ 30. ЧЛЕНКА НА НАТО, РЕЧЕ ЗАЕВ НА САМИТОТ ВО ПОДГОРИЦАПремиерот Зоран Заев претседава со Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, на кој гостин е американскиот потпретседател Мајк Пенс. (Фото: Твитер)

    Премиерот Зоран Заев верува дека Македонија ќе стане 30. членка на НАТО и кажа дека се обврзува неговата влада да го предводи патот кон евротлантските организации во воведното обраќање на Самитот на земјите-членки на Јадранската повелба во Подгорица, на кој Македонија претседава и е кодомаќин со Црна Гора. Присуството на потпретседателот на САД Мајк Пенс на Самитот, покажува дека таа држава е верен, стратешки партнер на Македонија и на регионот, вели Заев.

    „Изразувам верба и подготвеност за акција, за Македонија да биде 30-та членка на НАТО. Интеграциите во НАТО и во Европската Унија се стратешки цели за нашата држава. Новата Влада, ќе се обврзам и на овој форум, е одлучена да биде локомотивата на возот кон овие две организации, за да го осигураме добриот живот на нашите граѓан и иднината на своите деца. За да ги забрзаме интеграциите во ЕУ и во НАТО, го почнавме планот „3-6-9“ за итните реформски приоритети, што водат кон професионални и независни институции, демократизација на целото општество, а со тоа и кон квалитетен живот за сите граѓани“, изјави Заев.

    Тој најави дека Македонија ќе го зголеми буџетот за одбрана и ќе го зголеми учеството во мисиите на НАТО, а ќе се интензивираат односите со земјите-членки на Јадранската повелба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира