ПРАТЕНИКОТ КРСТО МУКОСКИ ЗА 3 МЕСЕЦИ НАПЛАТИЛ РЕКОРДНИ 3.000 ЕВРА ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ДА ДОЈДЕ ВО СОБРАНИЕ

    ПРАТЕНИКОТ КРСТО МУКОСКИ ЗА 3 МЕСЕЦИ НАПЛАТИЛ РЕКОРДНИ 3.000 ЕВРА ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ДА ДОЈДЕ ВО СОБРАНИЕНа снимките од собраниските безбедносни камери што на 22 мај ги објавија телевизиите „Телма“ и „АлсатМ“ се гледа дека Крсто Мукоски ја отвара вратата, а шестмина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Јохан Тарчуловски ја координирале акцијата за нападот на пратениците од мнозинството на 27 април

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски кој живее во Вевчани, за деновите кога биле одржувани пленарни или комисиски седници во Собранието за патни трошоци наплатил рекордни речиси 3 илјади евра за само три месеци, објави Телевизија 24 вести, цитирајќи податоци што ги обезбедила согласно Законот за пристап до инфорамции од јавен карактер.

    Според податоците за исплатен надоместок за патни трошоци, четириесет и пет пратеници кои не живеат во Скопје за 3 месеци потрошиле околу 74 илајди евра од буџетот.

    Рекордер е Крсто Мукоски, кој е еден од пратениците кои при организираниот напад на Собранието на 27 април ги отворија вратите за насилната толпа да влезе внатре, а неговиот сопартиец и учесник во отворањето на вратите Сашо Василевски, за патувањето од Охрид до Скопје побарал да му бидат исплатени 2.644 евра. Нивните колешки од Битола, Лилјана Затуроска и Лилјана Кузмановска за патни трошоци побарале околу 2.500 евра секоја, а Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ потрошил 2.492 евра за да дојде на работа.

    Спикерот Талат Џафери кој живее во Гостиварско, според распоредот на активности кои ги имаше откако беше именуван, средби во Собранието и пленарни седници за три месеци наплатил илјада евра за патни трошоци.

    Од владејачкото мнозинство, за патни трошоци најмногу наплатил координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев од Охрид кој зел 2.588 евра. Васко Ковачевски од Битола зел 2.514 евра, над 2.500 евра зеле Јован Митревски и Сашо Поцков.

    Само за еден работен ден на 30 декември, 2016 кога беше одржана конститутивната седница овие 45 патеници потрошиле 3.200 евра. Најмногу пари побарал Мукоски, 130 евра за само еден ден – со тие пари според пресметките може да се наполни 126 литри бензин еуросупер 98 со кој при просечна потрошувачка може да се поминат повеќе од 1.000 километри. Но, методологијата на пресметка им дозволува на пратениците да земаат вакви суми за патни трошоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира