Кристијано Роналдо се најде во составот на Реал Мадрид за натпреварот против Манчестер Јунајтед во Суперкупот на УЕФА утре во Скопје, иако се врати на тренинзите на европскиот шампион пред само два дена.
Според шпанските медиуми, тој, најверојатно, нема да биде во стартната постава на Реал и тренерот Зинедин Зидан ќе го чува португалскиот фудбалер за дуелот со Барселона во шпанскиот Суперкуп.
Составот на Реал Мадрид: Навас, Касилја, Лука, Карвахал, Валјехо, Рамос, Варан, Начо, Марсело, Тео, Ашраф, Крос, Модриќ, Касемиро, Љоренте, Асенсио, Иско, Ковачиќ, Себалјос, Роналдо, Бејл, Васкес, Мајорал.
Реал Мадрид треба да пристигне во Скопје околу 13.30 часот, додека половина час претходно е пристигнувањето на Манчестер Јунајтед.