ПРИВЕДЕН ПРЕПРОДАВАЧ НА КАРТИ ЗА СУПЕРКУПОТ, ОГЛАСИЛ НА ИНТЕРНЕТ ДВЕ ЗА 600 ЕВРА

    ПРИВЕДЕН ПРЕПРОДАВАЧ НА КАРТИ ЗА СУПЕРКУПОТ, ОГЛАСИЛ НА ИНТЕРНЕТ ДВЕ ЗА 600 ЕВРАГраѓани се сликаат со пехарите од трите натпреварувања на УЕФА, кои што се изложени во фан-зоната на скопскиот плоштад. (Фото: СДК.МК)

    Полицијата приведе 41-годишен скопјанец за неовластена продажба на карти за Суперкупот на УЕФА, потврди МВР. При извршениот претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени две карти за утрешниот натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид во Скопје, кои што ги нудел за продажба на популарен интернет сајт за огласи. Покрај картите, одземени му се компјутер, мобилен телефон и сим картичка.

    На 28 јули, Собранието ги изгласа измените на Кривичниот законик со кои што неовластената продажба на карти за спортски манифестации стана кривично дело, казниво со парична казна или казна до една година затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира