Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски ќе се кандидира за уште еден мандат. Денес тој со завршните активности за Супер купот ја најави кандидатурата, одговарајќи на новинарско прашање.
„Планирам да се кандидирам на изборите во октомври. Во тек се анализи и анкети околу тоа што сме сработиле, што сме направиле и дали и колку граѓаните се задоволни“, рече градоначалникот Трајановски. на прес-конференцијата за Супер купот.
Тој ќе се бори за трет мандат за градоначалник на Скопје, а зад себе има и еден градоначалнички мандат во Општина Гази Баба. Задоцнетите локални избори се закажани за 15 октомври.