Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за потребата од изготвување стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со акционен план за нејзино спроведување. Информацијата е изготвена на предлог на Министерството за внатрешни работи, соопшти Владата.
Оваа стратегија е дел од агендата на Планот 3-6-9, па Владата соопшти дека ги задолжила Министерство за правда и Министерство за финансии, односно Управа за јавни приходи, Царинска управа, Управата за финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање, да достават номинации за членови на Работна група за изготвување на стратегијата и акциониот план.