Претседателот Ѓорге Иванов вечерва го потпишал ребалансот на Буџетот за 2017 година, потврдија собраниските служби.
По процедурата, тој го вратил ребалансот во Собранието, каде што беше изгласан пред точно седум дена.
Иванов ги држеше во неизвесност Владата и парламентарното мнозинство, бидејќи не почека претходната недела да бидеп првин донесен ребалансот и веднаш да го потпише, туку си заминал на патување надвор од Македонија.
Кабинетот на претседателот не соопшти каде беше отпатуван претседателот. Неговите службеници им дале ветување на службите од Собранието дека токму на седмиот ден од законскиот рок, а тоа е денеска, Иванов ќе се врати со владиното авионче и ќе го потпише р ребалансот.
С. К. ДЕЛЕВСКА