Додека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија, наставник, ја рецитираше делумно „Тешкото“, бидејќи првин ја читаше од лист, неговиот сопартиец Васил Пишев решаваше крстозборки на денешната седница за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Стевананџија ја посвети песната на Блаже Конески на разрешените културни работници и со жалење констатираше дека е сменет директорот на „Танец“ Зоран Џорлев. Пратеници од СДСМ му дофрлаа од место: “Еј, не ја знаеш на памет ‘Тешкото’”.
Најголем дел од пратениците на владејачкото мнозинство, револтирани од, како што велат, бесмислена расправа за Зврлевски, се пред вратите на Собранието или во своите канцеларии. Останаа уште 14 дискутанти и според проценките на пратениците, расправата би траела со ова темпо уште осум дена.
С. К. ДЕЛЕВСКА