КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДВЕ ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ДЕКА ГО ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОЖАРОТ КАЈ МАКЕДОНСКИ БРОД СО ФРЛЕН ОПУШОК

    КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДВЕ ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ДЕКА ГО ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОЖАРОТ КАЈ МАКЕДОНСКИ БРОД СО ФРЛЕН ОПУШОКЗа предизвикување на пожарите во Општина Македонски брод кои што гореа на крајот од минатиот и почетокот на овој месец, МВР сомничи шест лица. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против С.И. (48) и Ј.И. (49) од Македонски Брод кои се осомничени дека го предизвикале пожарот кај Македонски Брод на 4 август, соопшти министерството. Од преземените дејствија, велат од МВР, постојат сомненија дека пријавените фрлиле опушок од цигари во сено во дворното место од куќа во нивна сопственост во селото Могилец и предизвикале пожар што подоцна се проширил.

    Полициска станица од Македонски Брод поднела и посебен извештај против Д.К. (36) од село Косово, Македонски Брод, кој е осомничен дека предизвикал шумски пожар 25 јули кај селото Требовле. За лицата Р.В. (61) од Скопје и М.С. (82) од Заград се поднесени Записници за констатирани прекршоци за предизвикан пожар во селата Заград и Зркле, Македонски Брод.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира