Собранието го разреши државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. За негово разрешување гласаа 64 пратеници, а немаше против и воздржани. ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на гласањето. Разрешувањето беше поздравено со аплауз од пратениците на мнозинството.
Предлогот на Владата за негово разрешување беше ставен на расправа во Собранието на 12 јули, а дискусијата траеше до вчера, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од понатамошна дебата. Најголемата опозициска партија се повика на мислењето на Антикорупциската комисија, која што тврди дека разрешувањето на Зврлевски во предизборен период, било кршење на Изборниот законик.