СОБРАНИЕТО СЕ РАСПУШТИ, ПРАТЕНИЦИТЕ НА ОДМОР

    СОБРАНИЕТО СЕ РАСПУШТИ, ПРАТЕНИЦИТЕ НА ОДМОРПретседателот на Собранието Талат Џафери ги пушти пратениците на одмор по разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски. (Фото: СДК.МК)

    Пратениците по разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски си заминаа од Собранието и од утре официјално се на одмор. Со оглед на тоа дека на 28 август е празникот Голема Богородица, а на 1 септември Курбан Бајрам, што подразбира два неработни дена, првиот работен ден на пратениците ќе им биде на 4 септември, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК претседателот на Собранието Талат Џафери.

    Џафери ќе биде на работа и утре, но и на крајот на август, поради организација на активностите за собраниските седници кои почнуваат веднаш по колективниот одмор на Собранието. На 29 и 30 август ќе заседаваат и собраниските комисии во врска со точките на дневен ред на седниците на почетокот на септември.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира