Вардар со 2:0 го победи Фенербахче, во првиот натпревар од плејофот за пласман во групната фаза на Лига Европа. На арената „Филип Втори“ избраниците на тренерот Чедомир Јаневски поведоа во 20. минута со голот на Тигран Барсегјан. Во 91. минута со автоголот на одбранбениот играч на Фенербахче Мехмет Топал, „црвено-црните” дојдоа до водство од 2:0.
Вардар стигна во плејофот за пласман во фазата по групи на Лига Европа, откако во 3. квалификационо коло од Лигата на шампиони, беше поразен од дански Копенхаген.
Пред два дена за тренер на „црвено-црните” беше назначен Чедомир Јаневски откако Гоце Седлоски си поднесе оставка.
Реванш натпреварот меѓу Вардар и Фенербахче се игра за седум дена во Истанбул.