Учебната година оваа година ќе започне на 4 септември, соопшти Министерството за образование и наука.
Вообичаениот термин за почеток на учебната година е 1 септември. Бидејќи оваа година 1 септември паѓа во петок, учебната година ќе започне по викендот, на 4 септември – понеделник.
„Календарите за организација на учебната 2017/2018 година во јавните основни и средни училишта ќе бидат објавени во Службен весник на Република Македонија. соопшти Министерството.