Со блокада на крстосницата кај Гроздот вечерва продолжија протестите за оставка на битолскиот градоначалник Владимир Талески и повлекување на аболицијата од Иванов. Се работи за една од најфреквентните сообраќајници во близина на Широк Сокак, со што се блокира движењето низ една од најголемите сообраќајни артерии на Битола, „Димитар Илиевски Мурато“ и „Никола Тесла“.
Во исто време на двеста метри од нив протсетираат и приврзаниците на власта од ГДОМ. Засега не опасност од судир на двете групи.
Демонстрантите и вчера исто така блокираа две пофреквентни крстосници на влезот на Битола од грчка страна. Целта е да се подигне свеста кај битолчани и во што поголем број да се приклучат на протестите кои траат веќе една недела.
Дали и вечерва ќе се протестира пред станот на Талески во Нова Битола ќе одлучи Пленумот во 19 часот пред Офицерскиот дом кој е зборно место на демонстрантите.