БИГ БЕН ЌЕ МОЛЧИ ДО 2021 ГОДИНА

    БИГ БЕН ЌЕ МОЛЧИ ДО 2021 ГОДИНАРеновирањето на кулата Елизабет ќе чини 29 милиони фунти, а легендарното ѕвоно ќе се огласува само за големи национални празници. (Фото: ЕПА)

    Биг Бен, еден од симболите на Лондон, за последен пат се огласи денеска напладне, како што почнува реновирањето на кулата Елизабет, што ќе трае до 2021 година. Премиерката Тереза Меј и неколкумина членови на Парламентот изразија незадоволство од замолчувањето на препознатливото ѕвоно, но лондонските власти појаснија дека работниците не би можеле да работат безбедно, доколку 13,7 тони тешкото ѕвоно биде во функција цело време.

    Предвидено е реконструкцијата да трае четири години и да чини околу 29 милиони фунти. За тоа време, Биг Бен ќе се огласува само во специјални национални прилики, како Нова година и празникот Недела на сеќавањето.

    Биг Бен се огласува на секој час во последните 157 години и за последен пат имаше прекин во работата во 2007 година, кога некои делови од големиот часовник мораа да бидат заменети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира