ВЛАДАТА ОТСЕГА ЌЕ СЕ РЕКЛАМИРА САМО НА МРТВ И СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

    ВЛАДАТА ОТСЕГА ЌЕ СЕ РЕКЛАМИРА САМО НА МРТВ И СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИПремиерот Зоран Заев со вицепремиерите Радмила Шеќеринска и Кочо Анѓушев на денешната владина седница.

    Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на владините реклами на комерцијалните радиодифузери и печатени медиуми, билборди и интернет портали и пренесување на комуникацијата со граѓаните преку јавниот радиодифузен сервис МРТВ и социјалните медиуми, соопштија од владиниот сектор за комуникации.

    Истовремено, Владата им препорача на локалните власти да престанат да се рекламираат на комерцијални телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди и интернет портали.

    Премиерот Зоран Заев на 22 јуни кажа дека Владата ги прекинала кампањите на телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Би-Би-Си“ и сите други кампањи на претходната влада, како и договорите на, како што кажа тој, странските квазиексперти и рече дека на тој начин Владата заштедила 10 милиони евра.

    На седницата, Владата донесе заклучок да му предложи на Собранието да го огласи именувањето на Јавен обвинител, согласно член 41 од Законот за Јавното обвинител, откако досегашниот јавен обвинител Марко Зврлевски беше разрешен од страна на Собранието на 17 август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира