МИЛАН БЕЗ МОНТОЛИВО НА РЕВАНШОТ СО ШКЕНДИЈА

    МИЛАН БЕЗ МОНТОЛИВО НА РЕВАНШОТ СО ШКЕНДИЈАИ покрај победата од 6:0 на првиот меч, Милан и во Скопје доаѓа со силен тим (Фото: Милан)

    Седумкратниот европски првак Милан пристигнува без искусниот италијански репрезентативец Рикардо Монтоливо во Скопје, каде што в четврток (20.45 ч.) го игра реваншот од последното квалификациско коло за Лига Европа против Шкендија.

    Монтоливо постигна два гола во победата од 6:0 на првата средба и сега доби одмор за средбата во Скопје, додека Билја и Бонавентура се уште се водат како повредени. Од играчите кои настапија на првиот натпревар, меѓу 20-темина избраници на тренерот Монтела ги нема ни Андреа Конти и Хакан Чаланоглу.

    Голманското чудо од дете Џанлуиџи Донарума повторно би можел да биде меѓу диреците, за одбраната се избрани Абате, Антонели, Бонучи, Калабрија, Габија, Гомес, Ромањоли и Сапата, средниот ред го сочинуваат Кеси, Локатели, Маури, Тораси и Ѕанелато, додека напаѓачи се Борини, Кутроне, Андре Силва и Сусо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира