Поголема група граѓани вечерва околу еден час ја имаа окупирано фреквентната сообраќајница кај месноста Гроздот во Битола. Организаторите изјавија дека протестите за оставка на битолскиот градоначалник се протести и против системот во оваа држава, па најавија дека ќе ја засилат социјалната реторика. Со извиците „ Фрлајте ги штиклите, ставајте патики и право на протести“, демонстрантките на вечерашните протести во Битола ги храбреа сограѓанките на Широк сокак да им се придружат на протестите.
По еден час мирно се разотидоа најавувајќи за утре масовни протести пред општина Битола.
Откако падна првиот притвор за секретарот на општина Битола за случајот „Транспортер“ целото внимание на Битолчани е насочено кон кривичниот суд во Скопје. Таму денес за сослушани неколкумина поранешни директори од битолски училишта. Битолчани ги преплавија социјалните мрежи со коментари на оваа тема. Некои пишуваат за секретарот на општината Бончановски -„Слободан веќе не го заслужува ни своето име“ или за поранешната директорка на медицинското училиште „Цеца пропеа и на суд“ бидејќи наликува на популарната фолк пејачка од Србија. .