Холивудската ѕвезда Вил Смит викендов и официјално се враќа на музичката сцена, а првата дестинација на турнејата ќе му биде Хрватска.
Тој и Ди Џеј Џези Џеф ќе го обноват прославениот хип хоп тандем од 90-ите години и првиот заеднички настап по 12 години пауза ќе го имаат в сабота во Пореч, по што ќе бидат меѓу главните ѕвезди на фестивалот “Лајвваер“ во Блекпул, Велика Британија.
Настапувајќи под името Фреш Принс, Смит и Џези Џеф издадоа пет албуми од 1987 до 1993 година и освоија две награди Греми.
Вил Смит, во меѓувреме, изгради успешна актерска кариера, која му донесе две номинации за Оскар и уште пет за Златен глобус.