Кабинетот на Претседателот на Република Македонија го поздравува интересот на Јавното обвинителство за вмешаноста на Ѓорге Иванов, неговиот советник за безбедност и на српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ во крвавите настани на 27 април во Собранието. Кабинетот на шефот на државата во дописот што го испрати до САКАМДАКАЖАМ.МК наведува дека тоа е „прав начин да се утврдат фактите и вистината, затоа што деновиве во јавноста се присутни лажни вести и лажни информации“.
ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ЈА ИСТРАЖУВА ВМЕШАНОСТА НА ИВАНОВ ВО НАПАДОТ НА 27 АПРИЛ
„Со нетрпение очекуваме одговор од Обвинителството за улогата на г. Живаљевиќ во настаните во Собранието. Јавноста треба да знае кој го пратил, што превземал, со кого бил и дали имал одобрение од надлежен државен орган за влез во Собранието на критичниот ден“, сугерира Иванов.
Неговиот кабинетот уште еднаш ги повторува претходно искажаните ставови дека не е надлежен орган за известување и одобрување на влез во Собранието на Република Македонија и дополнува дека не е “дежурна служба за давање алиби”.
ЗАЕВ УШТЕ НА 28 АПРИЛ ГО ОБВИНИ ИВАНОВ ЗА ОРГАНИЗИРАН ОБИД ЗА НЕГОВО УБИСТВО
Македонските граѓани имаат право да ја знаат вистината, смета претседателот Иванов.
„Со овој став и претходно кажаното за нас случајот е затворен и ќе го чекаме резултатот од јавното обвинителство“, тврди неговиот кабинет.
С. К. ДЕЛЕВСКА