ПОЛСКИОТ „21 Х ЊУЈОРК“ ПОБЕДИ НА МАКЕДОКС

    ПОЛСКИОТ „21 Х ЊУЈОРК“ ПОБЕДИ НА МАКЕДОКС„21 х Њујорк“ на Пјотр Стасик ја освои главната награда Кромид

    Полскиот документарец „21 х Њујорк“ на Пјотр Стасик е победник на годинашнот МакеДокс и ја освои главната награда Кромид. Стасик, примајќи ја наградата, рече дека си ветил оти ако ја освои главната награда повторно ќе дојде во Скопје и ќе снима филм, и сега ќе мора да го направи тоа.

    Наградата Млад кромид за најдобар филм на млад автор ја доби грузискиот документарец „Кога земјата се чини лесна“ на тројцата режисери Саломе Мачаиџе, Тамуна Карумиџе и Давид Мески.

    Кокарче за најдобар студентски документарец доби „Блиски врски“ на Зофија Ковалевска од Полска.

    Годинава, првпат на МакеДокс беше доделена и награда Сечкан кромид за краток документарец доби „Не сум од овде“ на Ѓидре Жискате и Маите Алберди, Наградата за етички идеи ја доби „Машини“ од Рахул Јаин од Индија.

    МакеДокс годинава за последен пат се одржа во Куршумли ан, чиј сопственик сега е Турскот културен центар во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира