ДИМИТРОВ И КОЅИАС НЕМА ДА РАЗГОВАРААТ ЗА ИМЕТО, ТУКУ ЗА ГРАДЕЊЕ ДОВЕРБА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА

    ДИМИТРОВ И КОЅИАС НЕМА ДА РАЗГОВАРААТ ЗА ИМЕТО, ТУКУ ЗА ГРАДЕЊЕ ДОВЕРБА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈАМинистрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, на заедничката прес-конференција по нивната средба во Атина на 14 јуни.

    Спорот за името нема да биде тема на разговорите на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕиас, објави агенцијата Мета, повикувајќи се на дипломатски извори.

    Коѕиас доаѓа во четврток на 31 август во Скопје. Пред неговата посета работна група од македонското МНР ќе замине во Атина каде ќе се усогласуваат ставовите на нов пакет мерки за подобрување на билатералните економски, транспортни и енергетски односи.

    Посетата на Коѕиас на Скопје, која доаѓа по неговата средба во Брисел со посредникот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц, претставува уште еден обид за опипување на ставовите на двете страни за можното решавање на отвореното прашање.

    Нимиц по средбата со шефот на грчката дипломатија рече дека постои „нов импулс“ во напорите за наоѓање решение за проблемот.

    Премиерот Зоран Заев во петокот во Драч изјави дека очекува медијаторот да му достави нови предлози за решавање на проблемот до крајот на годината.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира