АМЕРИКАНЦИТЕ НЕ ЈА ИСВИРКАА ШАРАПОВА НА ВРАЌАЊЕТО НА ГРЕНД СЛЕМ ТУРНИРИТЕ

    АМЕРИКАНЦИТЕ НЕ ЈА ИСВИРКАА ШАРАПОВА НА ВРАЌАЊЕТО НА ГРЕНД СЛЕМ ТУРНИРИТЕСе врати на гренд слем турнирите по едно и полгодишна пауза. - Марија Шарапова (Фото: АФП)

    Марија Шарапова имаше триумфален камбек на гренд слем турнирите по едно и полгодишна пауза, совладувајќи ја второрангираната светска тенисерка Симона Халеп со 6:4, 4:6, 6:3, во првото коло на Отвореното првенство на САД.

    И покрај стравувањата од реакциите, камбекот на Шарапова на големата тениска сцена привлече 24.000 гледачи на трибините и таа доби топол прием кога излезе на теренот.

    Триесетгодишната Русинка немаше настап на гренд слем турнирите од јануари 2016 година, бидејќи потоа доби 15-месечна суспензија, откако се потврди дека на Австралија опен играла под дејство на забранетиот препарат мелдониум.

    Шарапова повторно заигра уште во април, но Ролан Гарос одби да и даде специјална покана за настап. Организаторите на Ју-Ес опен имаа поинаков пристап, па и овозможија да ги скокне квалификациите, иако таа моментално се наоѓа на 146. место на ВТА-листата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира