ВЕНЕЦИЈА ОТВОРИ СО „НАМАЛУВАЊЕ” НА АЛЕКСАНДЕР ПЕЈН

    ВЕНЕЦИЈА ОТВОРИ СО „НАМАЛУВАЊЕ” НА АЛЕКСАНДЕР ПЕЈНМет Дејмон е ѕвездата на „Намалување“ на Пејн вечерва во Венеција (Фото: АП)

    „Намалување” на Александер Пејн го отвори вечерва 74. Венециски филмски фестивал. Филмот, СФ драма во која игра Мет Дејмон, е за еден човек кој одлучува да се смали. Дејмон игра несреќен обичен човек кој се обидува да ги реши своите проблеми – и да помогне да ја спаси планетата – со експериментална постапка што го намалува на височина од 12 см. Во филмот играат и Кристен Виг, Кристоф Валц и Хонг Ча.

    Оскаровката Анет Бенинг е претседателка на жирито (Фото: АП)

    Во последниве години Венеција отвораше со светските премиери на повеќекратните оскаровци, меѓу кои и „Во центарот на вниманието“, „Гравитација“ и „Ла Ла Ленд“.

    Крими-комедија на Џорџ Клуни, фантазија на Гилјермо дел Торо и трилер на Дарен Аронофски се дел од селекцијата од 21 филм за престижната награда Златен лав годинава на најстариот филмски фестивал во светот. Во селекцијата е „Субурбикон” што го режира Клуни, со ѕвездите Мет Дејмон и Џулијан Мур, по сценарио на Џоел и Итан Коен, „Формата на водата” на Дел Торо, во кој глуми Сали Хокинс како жена која има врска со морско суштество, и таинствениот „Мајко!” на Аронофски со Џенифер Лоренс.

    Пејн со екипата на „Намалување“ (Фото: АП)

    Во конкуренција се и „Човечки проток”, документарен филм за миграцијата на кинескиот уметник Аи Веивеи; „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури” од ирскиот автор на трагикомедија Мартин Мекдона; „Третото убиство”, на Хироказу Коре-еда од Јапонија и „Мектур, љубов моја: Канто Уно” од француско-тунискиот режисер Абделатиф Кешиш, автор на Канскиот победник „Сината е најтопла боја”.

    Кристен Виг игра во „Намалување“ (Фото: АП)

    Во конкуренција се режисери од целиот свет, австралискиот Ворик Торнтон со „Слатка земја”, израелскиот Самуел Маоз со „”Фокстрот” и либанскиот Зиад Дуеири со „Навредата“. Но, меѓу 21 автор само една е жена- Кинеската Вивиан Кју, чиј „Ангелите носат бело” е за две девојки нападнати од еден маж во мал крајбрежен град.

    Победникот за Златен лав и другите награди ќе го одреди жирито на чие чело е актерката Анет Бенинг. Мостра се затвара на 9 септември со јапонскиот гангстерски трилер на Такеши Китано „Бесна кода”.

    Актерката Ана Муглалис е членка на жирито (Фото: АП)

    Вон главната конкуренција се „Сакајќи го Пабло” на Фернандо Леон де Араноа, со Хавиер Бардем како колумбискиот барон на дрогата Пабло Ескобар, и историската драма „Викторија и Абдул“ на Стивенн Фриарс со Џуди Денч како британска кралица Викторија и Аи Фазал како нејзин индиски слуга Абдул Карим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира