На денешната седница на Собраниската комисија за надзор над УБК и над Агенцијата за разузнавање, покрај разгледувањето на извештаите за работењето на двете институции, пратениците на владејачката СДСМ побарала дополнителни информации од Управата за безбедност и контраразузнавање и од Агенцијата за разузнавање за улогата на институциите во организираниот напад на Собранието на 27 април и за дипломатскиот скандал со Србија и можната вмешаност на вработени на УБК и АР.
Седницата на Комисијата беше затворена за јавноста, бидејќи претседателот на Комисијата Трајко Вељаноски побара јавноста да биде исклучена поради класифицираните информации во извештаите за работата на УБК и на АР.
Извештаите за работата на на двете институции за 2016 година, во Собраниската комисија ги бранеа новите директори на УБК Горан Николовски и на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов, но се подготвени од старите директори Владимир Атанасовски и Наќе Чулев.