ДЕВЕТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СТАНА НАЈМЛАД ДИЗАЈНЕР ВО ИСТОРИЈАТА НА „ЛЕГО“

    ДЕВЕТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СТАНА НАЈМЛАД ДИЗАЈНЕР ВО ИСТОРИЈАТА НА „ЛЕГО“Додека други се играат, таа создава. - Малата Сиена со својот победнички дизајн (Фото: Мешабл)

    Деветгодишната Сиена од Лондон стана првото дете-дизајнер на Лего-играчките во историјата на компанијата и нејзините први креации ќе се најдат во продажба од 1 септември.

    Таа беше меѓу децата кои се пријавија на конкурсот распишан од данската компанија во декември минатата година и нејзиниот дизајн за новата колекција беше избран како победнички. Сиена потоа помина една недела во седиштето на “Лего“ за да ги претвори своите идеи во играчки.

    „Ми се допаѓа како можете се да направите со Лего. Не мора само да ги следите инструкциите“, вели Сиена.

    Таа се претстави на конкурсот со макета на детско игралиште, што се базира врз нејзините омилени хобија, а не пропушти да направи и минијатурна верзија на себеси.

    “Во иднина дефинитивно сакам да бидам дизајнер на Лего. Забавно е и креативно и не е само седење пред компјутер“, смета Сиена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира