СОСТАНОКОТ ВО ВИЕНА ОТКАЖАН

    СОСТАНОКОТ ВО ВИЕНА ОТКАЖАН

    Состанокот во Виена на кој Јоханес Хан ги повика лидерите на четирите политички партии од Македонија е откажан.

    СДСМ вчера го услови одењето во Виена ако пред тоа не се исполнат се исполнат два услови: Претседателот Иванов да ја повлече одлуката за аболицијата и Собранието да се свика пак за да ја отповика одлуката за предвремени избори на 5 јуни, соопшти лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес конференција.

    Прва реакција стигна од ДУИ.

    „Кризата треба да се реши во Скопје веднаш од страна на одговорните политичари. Ние ги поддржуваме и сме конструктивен дел од добронамерните напори на меѓународната заедница за да се стави крај на кризата“, стои во првата реакција на ДУИ по откажувањето на состанокот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира