СДСМ ЌЕ ЈА КАНДИДИРА МИЛИТИЕ ХАЛИМИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА АРАЧИНОВО

    СДСМ ЌЕ ЈА КАНДИДИРА МИЛИТИЕ ХАЛИМИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА АРАЧИНОВОПремиерот Зоран Заев, по повод верскиот празник Курбан Барјам, денеска присуствуваше на утринската молитва, Бајрам намаз, во Мустафа-пашината џамија во Скопје.

    Премиерот Зоран Заев за време на денешната посета на Арачиново го објави првиот кандидат на СДСМ за локалните избори на 15 октомври. Станува збор за Милитие Халими, која ќе биде кандидат на СДСМ за градоначник на Општина Арачиново.

    „Ние во Арачиново ќе настапиме со член на СДСМ, почитуван во општеството. Ќе настапиме со жена Албанка, Милитие Халими, човек кој со семејството потекнува од овде. Се надевам дека ќе бидеме доволно примамливи да ја добиеме поддршката од мнозинството граѓани во Арачиново“, изјави денеска Заев.

    Тој рече и дека 70% од кандидатите на СДСМ за градоначалници веќе се утврдени, а уште се во тек преговорите со актуелните, но и потенцијални коалициони партнери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира