Американскиот амбасадор Џес Бејли објави на Твитер дека на денешната средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров разговарале за големината на лубениците.
„’И лубеницата беше волку голема!’ Ти благодарам Никола Димитров. Гастро дипломатија“, твитна Бејли.
Твитот на Бејли со фотографијата како двајцата држат лубеница е одговор на вчерашниот твит на Димитров, кој се пошегува дека со амбасадорот не разговараат за вкусните македонски кралски патлиџани, објаснувајќи ја нивната заедничката фотографија од конференцијата „Македонија во НАТО“.
“And the watermelon was this big!” Thx @Dimitrov_Nikola #GastroDiplomacy pic.twitter.com/BfabyrYGlt
— Amb. Jess Baily (@AmbBaily) September 1, 2017