АМЕРИКАНКА Ѝ ОСТАВИ 22 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО КЕЛН

    АМЕРИКАНКА Ѝ ОСТАВИ 22 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО КЕЛНСекој би ѝ позавидел на зоолошката градна во Келн на донацијата (Фото: АФП)

    Деведесет и тригодишна Американка, која ја напуштила Германија по Втората светска војна, одлучила целото свое богатство од 22 милиони долари да ѝ го остави на зоолошката градина во Келн, објавија германските медиуми.

    Како млада Еврејка, Елизабет Рајхерт ја преживеала војната криејќи се низ Келн, а по преселбата во САД, со нејзиниот сопруг Арнулф почнал успешен бизнис. Таа дошла на ваква идеја по смртта на сопругот.

    „Спомените одиграа голема улога во мојата одлука. Никогаш не сме го заборавиле Келн. Мислам дека зоолошката градина добро ќе ги потроши парите“, изјави Рајхерт за весникот „Келнер штат-анцигер“.

    Директорот на градината Криштофер Ландсберг изјави дека речиси паднал од стол кога слушнал за донацијата.

    „За почеток мора да отвориме фондација која ќе управува со парите“, кажа Ландсберг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира