ЌЕ ВИДИМЕ, ОДГОВОРИ ТРАМП НА ПРАШАЊЕТО ДАЛИ ЌЕ ЈА НАПАДНЕ СЕВЕРНА КОРЕЈА ПО НУКЛЕАРНИОТ ТЕСТ

    ЌЕ ВИДИМЕ, ОДГОВОРИ ТРАМП НА ПРАШАЊЕТО ДАЛИ ЌЕ ЈА НАПАДНЕ СЕВЕРНА КОРЕЈА ПО НУКЛЕАРНИОТ ТЕСТ

    Американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше дека не ја отфрла можноста за напад на Северна Кореја како одговор на нуклеарната проба на изолираната земја, која што претходно ја нарече „многу непријателска и опасна за САД“.

    Прашан додека ја напушта црква денеска дали планира да ја нападне Северна Кореја, Трамп и кажа на новинарите: „Ќе видиме“.
    Тој денеска твитна дека ќе се сретне со секретарот за одбрана Џејмс Метис, шефот на кабинетот на Белата куќа Џон Кели и други воени лидери за да разговара за стратегијата за Северна Кореја.

    Твитот на Трамп доаѓа откако американските разузнавачки агенции потврдија дека Северна Кореја извршила нуклерана проба.
    Северна Кореја тврди дека денеска тестирала напредна хидрогенска бомба за ракета со долг дострел, што е нејзин шести тест годинава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира