ТРГНА ВО ШКОЛО И ЈАШАР, ЕДИНСТВЕНОТО ПРВАЧЕ ВО СЕЛО СЕЛЦЕ

    ТРГНА ВО ШКОЛО И ЈАШАР, ЕДИНСТВЕНОТО ПРВАЧЕ ВО СЕЛО СЕЛЦЕ Радосно,  но и збунето беше единственото прваче Јашар Демиров во мултиетникото село Селце, кое се ослободи дури кога дојдоа учениците од погорните одделенија (Фото: СДК.МК)

    Новата учебна година започна и за малиот Јашар Демиров, единственото прваче во штипското село Селце. Во ова мултиетничко село со  200 жители, Македонци, Власи, Турци, Срби и Роми настава до петто одделение посетуваат 11 ученици на кои од оваа година им се приклучи и седумгодишниот Јашар.

    „Иако Јашар доаѓа секој ден во училишниот двор каде си игра на спортскиот терен, сепак првиот школски час му започна со солзи во очите, едни од радост други од возбуда што за прв пат седнува во училишна клупи. Се ослободи кога во училницата влегоа  учениците од другите одделенија“, вели единствениот наставник Сергеј Шпигов, кој додава дека годинава наставата ќе се одвива подобро затоа што условите се подобруваат, има нов водовод,  а до училишната зграда и низ целото село од ова лето има асфалтирани улици.

    Од преставниците на локалната самоуправа кои присуствуваа на првиот час тој побара уште еден наставник за да може да им се посвети повеќе внимание на учениците и наставата да се одвива поквалитетно, а учениците побараа во близина на училиштето да се направи екопарк.

    Општината Штип годинава има 415 првачиња бројка која е помала за 55 првачиња за разлика од лани. Според податоците, во последните неколку години бројот на првачињата постојано се намалува, па училиштата континуирано од Советот на Општината бараат формирање  паралалки со помал број ученици.

    Од општинските одделенија за образование велат дека за сите ученици е обебзеден бесплатен превоз. Обврска на Општината е да озбедува превоз за учениците кои учат во Штип на одалеченост од 50 километри, што значи бесплатен превоз има за учениците од кочанските општини, од Велес, Конче, Пробиштип, Свети Николе. Со обезбедувањето на нови поевтини тендери, долгог  од 500 илјади евра е сведен на 100 евра и се очекува наредната учебна година да започне без никакви обврски.

    Т. ЈОВАНОВСКИ        

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира