ИРАН ПО ГРЕШКА ИМ ПРОДАДЕ КАРТИ ЗА ФУДБАЛСКИ МЕЧ НА ЖЕНИ, ЗАБРАНАТА ОСТАНУВА

    ИРАН ПО ГРЕШКА ИМ ПРОДАДЕ КАРТИ ЗА ФУДБАЛСКИ МЕЧ НА ЖЕНИ, ЗАБРАНАТА ОСТАНУВАВо Иран, жените смеат да гледаат само некои машки спортови (Фото: АФП)

    Иранските власти, сепак, нема да им дозволат на жените да ги гледаат натпреварите на фудбалската репрезентација, објаснувајќи дека картите за претстојниот дуел со Сирија им биле продадени поради техничка грешка.

    Се чинеше дека оваа забрана е укината, откако на Интернет се појавила и опцијата жени да можат да купат карти за саботниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во Русија, на кое што Иран веќе се квалификуваше. Голем број жени ја искористиле оваа можност, но Иранската фудбалска федерација потоа појасни дека тоа била резултат на грешка. На жените кои купиле карта ќе им бидат вратени парите.

    Иранките имаат свои посебни места на трибините кога се играат одбојка, кошарка, ракомет или тенис, но не им е дозволено да гледаат фудбал, пливање и борење.

    „Купив карта, иако не сакам многу фудбал. Но, го направив тоа, затоа што не сакав да пропуштам вака голем момент“, изјави Захра Џафарзадех од Техеран.

    Една Британка со иранско потекло беше затворена на четири месеци во 2015 година, откако во знак на протест проследи машки одбојкарски меч.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира