ГРАДОВИТЕ СО ПРЕЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОСКАПА ВОДА, ОД ПРВИ ЈАНУАРИ НОВА ЦЕНА ЗА СИТЕ

    ГРАДОВИТЕ СО ПРЕЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОСКАПА ВОДА, ОД ПРВИ ЈАНУАРИ НОВА ЦЕНА ЗА СИТЕДо 15 септември општините кои имаат над 10.000 приклучоци за вода треба да достават до Регулаторната комисија барање за пресметување на цената на водата - дете полни вода на јавна чешма во Тетово (Фото: Зандон)

    Граѓаните ќе плаќаат нова цена на водата од 1 јануари 2018.  Регулаторната комисија ќе ја утврдува тарифата врз основа на методолигијата за пресметка на цената на водата, а Советите на општините ќе ја утврдуваат конечната цена. Покрај новата цена на вода, оние општини кои имаат пречистителни станици ќе плаќаат и надоместок за нивно одржување и работа, односно за пречистување на водата.

    Од Регулаторната комисија велат дека уште не се знае дали ќе се зголеми цената и дека тоа ќе го покаже методологијата и ќе се разликува од град до град.

    „До 15 септември општините кои имаат над 10.000 приклучоци за вода (жители и правни лица) треба да достават до нас барање за пресметување на цената на водата. Ние врз нашата методологија која ја изготвивме, односно врз основа на пресметка на оправданите трошоци на претпријатијата ќе ја утврдиме тарифата. Потоа советите на општините ќе си одлучат колкава ќе биде цената во опсегот кој ќе им биде даден“, велат од Регулаторната комисија.

    Од таму додаваат дека нова давачка ќе имаат градовите каде работат пречистителни станици. Тие во сметката за вода ќе имаа надоместок за прочистување на водата, за кој исто така Регулаторна ќе утврди тарифа, а општините цена.

    Оние општини кои имаат помалку од 10.000 приклучоци за вода, нова цена на водата ќе имаат од 1-ви јануари 2019 година.

    А.АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира