СИРИСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ЗА СЕКОЈ МЕЧ МОРАА ДА ПАТУВААТ 11.000 КИЛОМЕТРИ, А СЕГА СЕ НА ЧЕКОР ДО СВЕТСКОТО ВО РУСИЈА

    СИРИСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ЗА СЕКОЈ МЕЧ МОРАА ДА ПАТУВААТ 11.000 КИЛОМЕТРИ, А СЕГА СЕ НА ЧЕКОР ДО СВЕТСКОТО ВО РУСИЈАФудбалерите и донесоа редок момент на радост на земјата уништена од шест години војна (Фото: ЕПА)

    Од војната уништената Сирија ги продолжи своите надежи за пласман на Светското првенство 2018 во Русија, откако со голот во 93. минута извлече 2:2 со Иран, со што заврши на третото место во својата квалификациска група.

    Пред сириските фудбалери е уште долг пат до Русија, бидејќи прво ќе играат два плеј-оф натпревари со Австралија, а доколку ја поминат, им следува двомеч со една селекција од Средна/Северна Америка, но овој фудбалски подвиг и овозможи на нацијата барем за момент да заборави на крвавата војна, која во последните шест години ја уништи, расели и подели земјата.

    Токму затоа, Сиријците не беа во можност да одиграат ниту еден меч на домашен терен, туку секој пат мораа да патуваат до 11.000 километри оддалечената Малезија. Дома, илјадници Сиријци се собраа на стадионот „Ал-Џала“ во Дамаск, за да го проследат историскиот натпревар во Техеран на големиот екран.

    Сепак, дури и фудбалот не успеа целосно да ја обедини нацијата, па противниците на режимот на Асад велат дека оваа репрезентација ја претставува неговата влада, која, според податоците на спортскиот новинар Анас Амо, има убиено 50-ина фудбалери, а уште 13-мина се водат како исчезнати или затворени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира