УРАГАНОТ ИРМА СО 300 КМ НА ЧАС ОСТАВИ ПУСТОШ НА КАРИПСКИТЕ ОСТРОВИ, СЕ ДВИЖИ КОН МАЈАМИ КАДЕ ШТО Е НАРЕДЕНА ЕВАКУАЦИЈА

    УРАГАНОТ ИРМА СО 300 КМ НА ЧАС ОСТАВИ ПУСТОШ НА КАРИПСКИТЕ ОСТРОВИ, СЕ ДВИЖИ КОН МАЈАМИ КАДЕ ШТО Е НАРЕДЕНА ЕВАКУАЦИЈАФранцускиот дел од Сент Мартин е целосно под вода - аматерска фотографија од Фејсбук

    Најмалку двајца загинале и уште двајца се тешко повредени на карипските острови Сент Бартс и Сент Мартин од ударот на ураганот Ирма, соопшти францускиот министер за прекуокеанските територии Аник Жирардин.

    Уште едно лице загинало на Барбуда, каде што речиси 90 отсто од зградите се тешко оштетени, изјави премиерот Гастон Браун на локалната телевизија.

    Кон американското копно се движат три урагани – Ирма, Хозе и Катја (Графика – Мирор)

    Стент Бартс е популарно одмаралиште на светскиот џет сет, а соседниот Сент Мартин припаѓа на Холандските Антили и е поделен помеѓу Франција и Холандија. На него се наоѓа познатата плажа Махо над која слетуваат авионите на француски, холандски и американски авиокомпании. Според аматерските снимки на холандски туристи, аеродромот популарен кај авио зависниците е речиси уништен од дождот проследен со силните ветришта кои стигнувале и над 300 км на час.

    Ураганот Ирма на својата патека направил штета и на Британските Девствени острови, Порторико и Бахамите.

    Ова е до сега најсилен ураган на Атлантикот, а зад него веќе се движи ураганот Хозе. Во Мексиканскиот залив се формира и ураганот Катја. Невремето се приближува кон американската држава Флорида каде што веќе е прогласена вонредна состојба. Се очекува Ирма прво да удри на Мајами и затоа е наредена евакуација на околу 20.000 жители во зградите со ниска катност на блиските острови Ки Вест.

    Плажата Махо и аеродромот Принцес Џулијана на холандскиот дел од Сент Мартин се омилени за авио зависниците. Од тука се лета и за малиот остров Сент Бартс кој е сврталиште на светскиот џет сет на кој исто така е сериозно уништена инфрструктурата од Ирма која донесе ветришта од над 300 км на час. Ербас А 340 на Ер Франс слетува на аеродрот над капачите на познатата плажа (Фото: Airliners.net)

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира