ХАВАНА И МАЈАМИ ПОД ВОДА, ТАМПА ЈА ОЧЕКУВА СВОЈАТА ВЕРЗИЈА НА ПЕКОЛОТ

    ХАВАНА И МАЈАМИ ПОД ВОДА, ТАМПА ЈА ОЧЕКУВА СВОЈАТА ВЕРЗИЈА НА ПЕКОЛОТКако што ураганот го крена нивото на морето, така плимниот бран ги поплави улиците на Мајами (Фото: Си-Ен-Ен)

    Откако опустоши дел од карипските острови, оставајќи зад себе 22 мртви, Ирма стигна до брегот на Флорида, удирајќи ја со сета силина како ураган од четврта категорија.

    Улиците на Хавана би требало да бидат под вода 36 часа (Фото: АФП)

    Веќе има потврдени три смртни случаи, но како последица на сообраќајни несреќи во услови на пороен дожд што го следи ураганот, а над еден милион домови останаа без електрична енергија.

    Како што ураганот го крена нивото на морето, така плимниот бран ги поплави улиците на Мајами, каде што дуваат ветрови со брзина од 145 километри на час. Истата судбина претходно ја снајде Хавана и кубанските власти предвидуваат дека улиците ќе бидат под вода околу 36 часа.

    Сепак, се очекува Ирма најсилно да удри на градот Тампа, кој со ураган не се соочил речиси еден век.

    „Наскоро ќе ја доживееме нашата верзија на пеколот. Имате уште час-два да се засолните, потоа сте препуштени на самите себеси“, изјави градоначалникот на Тампа, Боб Бакхорн.

    Националниот центар за следење на урагани соопшти дека Ирма стана ураган од трета категорија, како што се движи кон градот Нејплс, кој, исто така, ќе биде изложен на директен удар. За целата територија на Флорида, на којашто живеат 36 милиони луѓе, е прогласена опасност од торнадо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира