Попладнево избувна пожар кај поранешната охридска касарна „Михаило Апостолски”. Силниот ветер го шири огнот со голема брзина и луѓето бегаат од куќите во близина на касарната.
„Страшно е. Огнот се шири многу брзо. Ветерот е силен и уште повеќе ја засилува огнената стихија. Луѓето ги вадат од куќите до кои што се доближи пожарот. Тие од немоќ и страв плачат. Се чудат што ги снајде”, ни рече сведок кој учествува го гаснењето на пожарот во периферниот дел на Охрид.
Во борбата со огнената стихија се ангажирани сите материјални средства, возила и опрема на охридската противпожарна бригада. Силниот ветер им ја отежнува борбата со огнот.