Крв, конзервирана храна и зачувана облека денес се дарува во амбасадата на САД, со што се одбележува Националниот ден на служба, кој е воспоставен во 2002 година во чест на сеќавање на жртвите, преживеаните и сите оние што помогнаа со справување со последиците терористичките напади на 11 септември 2001.
Хуманитарната акција ќе трае до 16 часот, а крв, облека и храна ќе може да се донира и во американските катчиња во пет града во земјава.
„Оваа акција ја организираме деветта година по ред и имаме се поголема поддршка од населението. Лани постигнавме рекорд во собирање крв, и се надевам дека годинава ќе го урнеме тој рекорд. Сите што сакаат да донираат тоа можат да го направат до 16 часот, бидејќи секоја донација е важна, без оглед колку е мала или голема“, рече американскиот амбасадаот Џес Бејли, кој и самиот донираше крв.
Во хуманитарната акција се вклучија и дел од македонските политичари, припадници на АРМ и полицијата, како и пожарникари од ‚аир.
„Им благодарам за големата поддршка на сите. Министерот за внатрешни работи во моментов дарува крв, а тука е и министерката за труд и социјална политика. ова е најдобар начин да се спомнат оние што ги изгубивме, со тоа што ќе им помогнеме на оние на кои им е тоа потребно“, рече Бејли.
Хуманитарната акција американската амбасада ја организира во соработка со заедно со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиологија.