СКОПСКИ ЕКОЛОЗИ ЌЕ ГИ ЗАШТИТУВААТ ЧИНАРИТЕ ВО ОХРИД КАКО СПОМЕНИЦИ НА ПРИРОДАТА

    СКОПСКИ ЕКОЛОЗИ ЌЕ ГИ ЗАШТИТУВААТ ЧИНАРИТЕ ВО ОХРИД КАКО СПОМЕНИЦИ НА ПРИРОДАТАСпоред проценките на стручните лица, општина Охрид годишно за заштита и одржување на чинарите ќе треба да издвојува околу 15.000 евра. (Фото: СДК.МК)

    Екололошко друштво од Скопје ќе ги спасува охридските чинари. Најпознат е оној во центарот на градот кој досега неколку пати беше оштетен поради старост, временски непогоди, но и поради негрижа.

    Според елаборатот од друштвото за еколошки консалтинг “Деконс Ема” од Скопје, a  во рамки на проектот на одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид, стариот чинар во центарот на Охрид, ќе биде ревитализиран и соодветно заштитен.

    “Со одлука на локалната самоуправа чинарот да се прогласи за споменик на природата, а потоа одлуката да се упати до Министерствотмза живoтна средина, каде што со посебен акт  треба да се прогласи за споменик на природата. Тоа ќе се однесува и на другите чинари. Но тие нема да одат во пакет, туку поединечно, бидејќи имаат различен капацитет, старост и различно значење”, вели Менка  Спировска , управител на “Деконс Ема” од Скопје.

    Слична постапка има и за другите чинари во Охрид, како и за познатиот кочеџик кај црквата “Св. Богородица Перивлепта”.

    Според проценките на стручните лица, општина Охрид годишно за заштита и одржување на чинарите ќе треба да издвојува околу 15 000 евра.

    Стариот чинар во Охрид,  се верува дека го засадил светителот Св. Климент уште на почетокот на  десеттиот век.

     

    Д. ЧУБРИЌ

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира