Коце Трајановски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје. Актуелниот градоначалник Трајановски на претстојните локални избори ќе го бара третиот мандат од граѓаните.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција објави кандидати за градоначалници на уште три општини. Во Гази Баба кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Тони Трајковски, во Дебар Драган Клопчевски и во Росоман Стојанче Лазов.