Вардар со пораз од 5:0 дебитираше во фазата на групи во Лига Европа против рускиот Зенит на арената „Филип Втори“.
Гостите од Санкт Петерзбург поведоа уште во 6. минута со голот на Александар Кокорин, кој само 15 минути подоцна го постигна и вториот гол. Лошата игра на нашиот шампион ја искористи Артем Ѕјуба, кој во финишот на првото полувреме ја затресе мрежа на Филип Гачевски и со водство од 3:0, Зенит замина на полувреме.
Во вториот дел, фудбалерите на Вардар тргнаа поофанзивно, но таквата игра траеше кратко. Бекот Бранислав Ивановиќ во 66. минута му донесе водство на Зенит од 4:0, а за победа со пет гола разлика се погрижи Емилијано Ригони со голот во 89. минута.
Вардар за две недели во вториот натпревар од Лига Европа му гостува на норвешкиот тим Розенборг.