Словенечката и српската амбасада во Скопје организираа заедничко следење на финалето на Европското првенство во кошарка меѓу нивните репрезентации во Истанбул. Српската амбасадорка Душанка Дивјак-Томиќ и словенечкиот амбасадор Милан Јазбец велат нека победи подобриот, но се договорија сметката на крај да ја плати амбaсадорот чија репрезентација ќе загуби.
„Нека победи подобриот. Кој ќе биде порасположен за игра, тој ќе победи, а кој ќе изгуби ја плаќа сметката“, велат амбасадорите, кои се во скопското кафуле „Манда“.
Таму се и црногорскиот амбасадоr Предраг Митровиќ, Тихомир Илиевски, како гостин од македонското МНР, и поранешниот премиер Владо Бучковски.
Првата четвртина од финалето помина израмнето, со предност од само два поени за српските кошаркари.