ВРЕДЕЛА 1 МИЛИОН, КУПЕНА ЗА 3 МИЛИОНИ ЕВРА, А МАКЕДОНИЈА 10 ГОДИНИ ПЛАЌА КИРИЈА ЗА АМБАСАДА ВО БУДИМПЕШТА

    ВРЕДЕЛА 1 МИЛИОН, КУПЕНА ЗА 3 МИЛИОНИ ЕВРА, А МАКЕДОНИЈА 10 ГОДИНИ ПЛАЌА КИРИЈА ЗА АМБАСАДА ВО БУДИМПЕШТАПоради нефункционалност на нашата зграда, Македонија 10 години плаќа кирија за да се смести македонската дипломатска мисијa во Будимпешта. Амбасадата е купена во мандатот на министерот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше на функцијата од 26 август, 2006 до 14 јули, 2011. Зградата е во фаза на распаѓање, има влага и свлечиште и не може да се користи (Фото: колаж од аматерски фотографии)

    Македонија 10 години не може да се всели во зградата за амбасада што ја купи за 3 милиони евра во Будимпешта, поради опасност од свлечиште. Во 2007, Министерството за надворешни работи (МНР) купило зграда во Будимпешта за амбасада во Унгарија, која на пазарот на недвижности чинела еден милион, но македонската држава ја купила за три милиони евра. Амбасадата е купена во мандатот на министерот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше на функцијата од 26 август, 2006 до 14 јули, 2011.

    „Зградата е во фаза на распаѓање, има влага, ништо не може да се користи, опасно е по живот, има свлечиште и земјиштето може да нѐ затрупа.  Имаме зграда во наша сопственост, а не можеме да се вселиме и плаќаме кирија“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК извори од МНР, кои сакаат да бидат анонимни оти не се овластени официјално да говорат за темата.

    Официјално, од Министерството за надворешни работи за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека  покренале истрага за целиот случај со купувањето на зградата за амбасада во Будимпешта, и кога ќе заврши истрагата ќе објават во јавноста.

    Поради нефункционалност на зградата, Mинистерството за надворешни работи изнајмило други простории за да се смести македонската дипломатска мисија, за кои плаќа кирија.

    Тогашниот амбасадор во Будемпешта Дарко Ангелов чија резиденција била во истиот објект, како што пишуваа медиумите во април, 2011, рекол дека око не склопил неколку месеци, бидејќи мислел дека во зградата има духови, оти  светлата сами се палеле и гаснеле. Но испаднало дека нема духови, туку струјата била нестабилна од дотраената инсталација и влагата.

    Во април, 2011 од Mинистерството за надворешни работи изјавиле дека против продавачот покренале судски спор, бидејќи прикривал факти за состојбата во која се наоѓала зградата. Главен проблем со зградата било тоа што таа се наоѓала на земјиште кое било влажно и лизгаво и доаѓало до краток спој на струјата.

    „Вештачењето на објектот е веќе завршено во наша корист и утврдено е дека при купопродажбата компанијата користела материјали за прикривање на недостатоците на објектот, кои при увидот не можеле да се забележат“, изјавиле во 2011 од Министерството за надворешни работи.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира