СЛОВАЧКА ДОНИРАШЕ 1.500 ЧИФТА ЧИЗМИ ЗА ПОЛИЦИЈАТА

    СЛОВАЧКА ДОНИРАШЕ 1.500 ЧИФТА ЧИЗМИ ЗА ПОЛИЦИЈАТААмбасадорот на Словачка Мартин Безак денеска на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му ја врачи донација во вредност од 113.000 евра (Фото: МВР)

    Полицајците задолжени за заштита на државната граница добија 1.500 чифта чизми, донација од Словачка. Амбасадорот на Словачка Мартин Безак денеска на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му ја врачи донација во вредност од 113.000 евра.

    „Донацијата е во рамките на континуираната линија за помош од Словачката Република за Република Македонија. За време на мигрантската криза словачките железници им обезбедија на македонските железници осум патнички вагони за транспорт на мигранти“, рече амбасадорот Мартин Безак.

    Партнерството меѓу министерствата од двете земји беше интензивирано во изминатиот период со присуството на словачки полициски службеници на територијата на Република Македонија за поуспешен надзор и контрола на државната граница кон Грција. До сега над 200 словачки полицајци учествуваа заедно со македонските полицајци во обезбедувањето на јужната македонска граница. Наскоро ќе пристигне и 10. контингент на словачки полициски службеници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира