Амбасадата на САД денес донираше опрема на граничната полиција во вредност од 60.000 долари. Граничната полиција покрај опрема за откривање на нелегална трговија и трговија со луѓе, доби и едно возило и пет скутери.
Опремата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му ја додели амбасадор на САД во земјава Џес Бејли, на граничниот премин Блаце. Припадниците на граничната полиција на амбасадорот Бејли и министерот Спасовски, им демонстираа како ќе биде искористена опрема при откривањето на нелегалнота трговија со наркотици и оружје.
Амбасадорот Бејли рече дека со оваа донација САД ја продолжува поддршката за поефикасно работење на граничната полиција.
„Оваа донација е уште еден доказ за нашата соработка и партнерство. Се гордееме на соработката сите овие изминати години со граничната полиција, преку доделување на опрема за ефикасно работење, до обуки тренизни кои ги организираме за царинските работници, со цел зајакнување на борбата со нелегалната трговија и сигурни граници“, рече амбасадорот Џес Бејли.
САД досега донирале опрема за граничната полиција во вредност од три милиони долари, како и стручна едукација на царинските работници.
А. АНТЕВСКА