ДЕН НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

    ДЕН НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ГРАДСКИОТ ПАРКОфицијално форумот во Градски парк на Школка го отвори швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада. (Фото: СДК.МК)

    Во Градскиот парк во Скопје се одржува Националниот форум на Цивика Мобилитас, насловен „Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации“, настан со кој што МЦМС и Цивика мобилитас се придружуваат на кампањата „Заедно зборуваме – Together we Speak“ на ЦИВИКУС – Светската алијанса за граѓанска партиципација. Главна порака на кампањата е: Гласовите на обичните граѓани се моќни и суштински во обезбедувањето праведна и одржлива иднина за сите – сега е време владите да ги слушнат и да делуваат.

    На настанот посетителите имаат можност да се информираат за граѓанските организации, нивните залагања и постигнувања. (Фото: СДК.МК)

    Програмата опфаќа 30-тина настани кои се одвиваат пралелно, плус настапи на повеќе музичари меѓу кои хорот Симбиосис, Шурбе, Џун, Концепт 59, РИБ и Тамара Тодевска. На настанот посетителите имаат можност да се информираат за граѓанските организации, нивните залагања и постигнувања, како и активно да се вклучат во активностите предвидени за тој ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира