ПРОГНОЗИТЕ ЗА МОЈОТ ТУМОР СЕ МНОГУ ЛОШИ, ВЕЛИ СЕНАТОРОТ ЏОН МЕКЕЈН

    ПРОГНОЗИТЕ ЗА МОЈОТ ТУМОР СЕ МНОГУ ЛОШИ, ВЕЛИ СЕНАТОРОТ ЏОН МЕКЕЈНЏон Мекејн беше кандидат на републиканците на изборите во 2008 година, кога загуби од Барак Обама (Фото: АП)

    Американскиот сенатор и поранешен кандидат за претседател на САД, Џон Мекејн, изјави дека лекарите му дадоа многу лоши прогнози, како што тој се бори со тумор на мозокот.

    Осумдесет и едногодишниот Мекејн летоска дозна дека боледува од рак, па иако во јули беше опериран, во меѓувреме беше утврдено дека станува збор за глиобластома, тип на тумор од кој во 2009 година почина неговиот колега од Сенатот, Едвард Кенеди.

    „Лекарите се интересни. Еден ќе каже дека шансите се три отсто, друг 14… Им реков да бидат директни, па ми кажаа дека прогнозите се многу лоши. На моменти ме фаќа страв од она што се случува, но можам да кажам дека сум имал одличен живот. Овие денови многу мислам на Кенеди, затоа што тој продолжи да работи и покрај дијагнозата“, изјави Мекејн во интервјуто за емисијата „60 минути“.

    Мекејн беше кандидат на републиканците на изборите во 2008 година, кога загуби од Барак Обама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира