МАКЕДОНИЈА И ХОЛАНДИЈА ПОТПИШАА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПAРТНЕРСТВО И СОРАБОТКА

    МАКЕДОНИЈА И ХОЛАНДИЈА ПОТПИШАА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПAРТНЕРСТВО И СОРАБОТКА„За кратко време покажавте големо лидерство во враќањето на Македонија на европскиот пат“, рече холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс, по потпишување на декларацијата. (Фото:МНР)

    Декларација за партнерство и сорботка меѓу Македонија и Кралството Холандија потпишаа министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот холандски колега Берт Кундерс, денес во Хаг, Холандија.

    Преку Декларацијата двете земји ќе продолжат со унапредувањето на заемната соработка за промовирање на доброто владеење, владеењето на правото, судството, борбата против корупцијата, основните човекови права, независните медиуми и социјалната кохезија.

    „За кратко време покажавте големо лидерство во враќањето на Македонија на европскиот пат“, рече холандскиот министер за надворешни работи Кундерс.

    Министерот Димитров рече: „Не’ охрабрува што Холандија, земја што толку високо го поставува владеењето на правото, ја препозна нашата цврста решеност да изградиме вистинска европска демократија во Македонија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира